Само во планинските места не се исклучува можноста за ретка појава на слаб локален дожд!

Објавил: Стојче Бушин | 17 октомври, 2020 8:08

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Умерен ветер, од понеделник пад на температурите!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За време на овој викенд, за разлика од изминатите денови кога имавме доста нестабилно време со чести врнежи, атмосферата ќе биде значително постабилна. Односно не очекува сончево време со умерена локална облачност.

Само во планинските места не се исклучува можноста за ретка појава на слаб локален дожд.

Денес ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец и истиот локално повремено ќе засилува, додека во текот на утрешниот ден, особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во текот на утрешниот ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, што значи ќе бидат пониски.

Значително пониски минимални температури ќе имаме од понеделник, но детална анализа околу тоа дали се очекува појава на мраз, или пак на слана следуваат понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Локално во североисточните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд, и тоа особено утре попладне и навечер.

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Пред нас претежно стабилно и суво време со мали исклучоци

Во следните денови ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време, односно...

Загадено е и во други градови низ државава, освен на планините каде воздухот е значително почист и посвеж.

СЕВЕРНИОТ ВЕТЕР ВО ПЕТОК ЌЕ ЈА НАМАЛИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ НИЗ КОТЛИНИТЕ – ДЕТАЛИ

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови...

Сепак и поркај ова, промени се можни, поради тоа што се работи за долгорочна анализа на времето.

МЕСЕЦ НОЕМВРИ ГИ НОСИ ПРВИТЕ УСЛОВИ ЗА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И НА ПОНИСКИТЕ МЕСТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Најнови информации за времето! Снегот набрзо доаѓа! Според најновите анализи за времето,...