Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Објавил: Владо Марин | 3 октомври, 2020 7:47

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и топло со умерена локална облачност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Повремено, и локално облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, Долж повардарието повремено истиот ќе биде засилен по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 27 степени.
Потоа утре ќе има повеќе облачност, но ќе биде уште потопло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Ќе има услови и за слаб локален дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, истиот ќе продолжи и во понеделник, кога во попладневните часови ќе има услови за локалена нестабилност.

На повеќе места пороен дожд и грмежи ќе има во вторник кога е можно и локално невреме, проследено со силен ветер, интензивен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.

Натросечното топло време ќе се задржи и во понеделник, додека опаѓање на температурите на воздухот ќе има од вторник.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од денеска па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА СТУДЕНИЛО, ОСОБЕНО НАУТРО И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА

Од денес ќе имаме нешто пониски температури, а исто така ќе дува и умерен, повремено...

Кон крајот на денов и во вечерните часови, Долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер, со што од север ќе започне да се спушта постудена воздушна маса.

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА СТУДЕНИЛО, ОСОБЕНО НАУТРО И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло...