Оди на потпис кај Силјановска-Давкова

Објавил: Калина Мартинска | 8 јуни, 2024 18:39

Вила Водно: Законот се носи со двотретинско мнозинство и претседателот нема право на вето

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е должна да го потпише указот на Законот за организација и работа на органите на државната управа бидејќи станува збор за системски закон кој се носи со двотретинско мнозинство.

-Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот, соопштија денеска од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ноќеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што, како што беше посочено, се создаваат услови за формирање нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Митева: Изгласани се измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа

За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот форнт синоќа објавија дека постигнале договор за поддршка за измените, како и за формирање на ад хок комисија во Собранието за правична застапеност.

Како течеше расправата за реорганизација на извршната власт – предлогот на мандатарот прифатен

 

Заменик министерката за правда, Викторија Аврамоска Мадиќ ја повика претседателката  да не го потпишува Указот за синоќа усвоениот Закон за организацијата и работата на органите во државната управа.

„Почитувана професорке Сиљановска, четири години како пратеничка, на секоја седница, за секој предложен закон први ,,скокавте” за скратената постапка на законите кои беа предлагани. Вчера, партијата во која како ,,независен” пратеник бевте дел од неа и која Ве предложи за претседател, на најгруб можен начин го прекрши најпрво Деловникот за работа на Собранието, за потоа во рок од само 24 часа да предложи и изгласа Закон со кој не само што го прекрши предизборното ветување за намалување на администрацијата и непотребните трошоци, туку спротивно на тоа, создаде уште четири нови министерства со што дополнително го зголеми државниот апарат. За да биде уште поинтересно, сите ветувања дека ќе направат сè за да ја однесат една друга партија во опозиција, резултираа со главна поддршка токму од истата. Ако сето ова се случи на втората седница, што треба да очекуваме понатаму?“, вели таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.