Додека официјално Скопје носи амандмани за негирање на сопственото етничко малциство во Грција, Македонците од Лерин бараат воведување македонски јазик во училиштата во Грција

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 11:40

Виножито бара воведување македонскиот јазик во училишта во Грција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Главните барања на партијата на Македонците во Грција за признавање на македонското малцинство и на македонскиот јазик, за воведување на нивниот мајчин јазик во образовниот грчки систем и натаму остануваат главните цели.

За таа цел Виножито до грчките власти ќе испрати и петиција за признавање на македонскиот јазик и воведување во државните училишта.

На третиот конгрес на Виножито, што викендов заврши во Горно Врбени, Леринско, беше одлучено партијата да учествува на наредните избори за европскиот Парламент во Грција, доколку за тоа успеат да соберат доволно пари.

На конгресот во Централниот комитет беа избрани и седум нови членови, што во партијата се толкува како голем успех затоа што сѐ повеќе млади Македонци почнуваат да се интересираат за активностите на партијата.

Јоргос Пападакис, беше кандидиран за потпретседателското место на Европската слободна алијанса (ЕФА), асоцијација на малцинските партии во Европа.

Виножито од грчките власти уште еднаш ќе побара регистрација на Домот на македонската култура во Лерин.

Судот за човекови права ви Стразбур веќе донесе решение Домот на македонската култура да биде регистриран од грчките судови. Грција одбива да даде дозвола за регистрација и работа на Домот.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Во тешката сообраќајна несреќа на македонски автобус која се случила во близина на Лесковац, Србија, до сега животото го загубија три лица, а две се тешко повредени

Две патнички од превртениот автобус се борат за живот

Од повредените во несреќата во Лесковац, двете патнички кои беа најтешко поврдени...

Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шведска, Англија и САД со поддршка, сите останати членки на ОН против формирањето косовска војска

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации одржува седница на барање на Србија и Русија...

Директорката на одделот за државјанства при бугарското Министерство за правда, Матева, тврди дека државјанствата и фалсификат и легални морале да бидат потплатени со мито

Бандера во село близу Благоевград , „адресата“ на илјадници Македонци

Градоначалникот на Благоевград запиша една бандера како адреса за Македонците кои...

ТВ Скај е позната по своите опозициски ставови, особено во периодот на владеењето на СИРИЗА и потпишување на Преспанскиот договор, Ципрас и Мицотакис со остра осуда

Огромна експлозија пред грчката ТВ Скај, се сомничат радикални левичарски терористи

Во бомбашки напад со експлозивна направа од шест килограми, нападната е грчката телевизија...