Според податоците на Националниот систем Мој Термин, заинтересираноста помеѓу граѓаните над 77 години кои го започнаа процесот на вакцинација вчера е висока, односно само 2% од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 април, 2021 15:09

ВИСОКА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ НАД 77 ГОДИНИ ВО ПРВИОТ ДЕН

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт.

Според податоците на Националниот систем Мој Термин, заинтересираноста помеѓу граѓаните над 77 години кои го започнаа процесот на вакцинација вчера е висока, односно само 2% од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината.

Вакцинацијата на лицата кои спаѓаат во 1б групата стартуваше вчера во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и Букурешт, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.Утре ќе започне и вакцинацијата во останатите градови – Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Вакцинацијата се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата.

Пунктовите работат од 8 до 20 часот секој ден од понеделник до петок.

Закажувањето на термин го прави матичниот лекар кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против Ковид 19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ ОД 26 АПРИЛ ДО 2 МАЈ – 39,7% НАМАЛЕН БРОЈ НОВИ СЛУЧАИ И ЗА 20,9% НАМАЛЕН БРОЈ ПОЧИНАТИ – ОПАЃА ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до...

Вакцинирањето се одвива непречено и организирано согласно протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.

Започна масовната имунизација во спортската салата „Билјанини Извори“ во Охрид

Денеска официјално стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација...

Министерот за здравство воедно порача дека дарувањето крв може да спаси живот, само едно ќесе крв може да го подобри здравјето на три до четири пациенти.

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ДАРУВАА КРВ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ТРУДОТ – 1. МАЈ

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска даруваа крв во...