Имено тој е еден од оние кои бараат поагресивно однесување кон Кина. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2020 10:46

„Вистината ја кријат како и за Чернобил“: Американци откриваат шокантни тајни за коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

66- годишниот Стив Бенон кој е еден од оние кои му помогнаа на Трамп за победата на претседателските избори во 2016 година а воедно и негов поранешен советник, тврди дека новиот Ковид-19 всушност е побегнат од лабораторија од Вухан, а воедно и кинескиот град го нарече „биолошки Чернобил“, при што, во однос на смртноста, „нултата точка“ била околу лабораторијата.

– Како и во Чернобил, се обидуваа да сокријат што се случило. Независно од тоа дали вирусот дошол од пазарот или од лабораторијата во Вухан, Комунистичката партија на Кина и нејзините натамошно одлуки се одговорни за убиство со предумисла, смета Бенон.

Имено тој е еден од оние кои бараат поагресивно однесување кон Кина. 

Експертите од кинеската лабораторија во Вухан „побегнаа“ на Запад и во рацете на западните разузнавачки служби, тврди Стив Бенон.Знам дека некои бегалци соработуваат со Федералното истражно биро (ФБИ) за да се утврди што точно се случило на Институтот во Вухан, рече Бенон.

Сето ова е сомнително бидејќи Тајван на 31 декември официјално ја извести СЗО за тоа дека во провинцијата Хубеј, постои некоја епидемија. Центарот за контрола и превенција на болести во Пекинг е известен на втори или трети јануари, но одлучиле да не ја објават информацијата и да потпишат трговски договор со САД, рече Бенон.

Тој вели дека сега разузнавачките служби собираат докази за тоа дали вирусот се проширил случајно односно побегнал од лабораторија во Вухан, при експеримент за развој на вакцина и лекови против вирус од типот САРС.

– Мислам дека разузнавачките агенции имаат информации во електронска форма и дека потполно анализирале кој имал пристап во таа лабораторија. Мислам дека имаат убедливи докази.Луѓето од тие лаборатории ја напуштиле Кина и Хонгконг од средината на февруари. Американската разузнавачка служба, МИ5 и МИ6 настојуваат да соберат сеопфатни докази против Кина, за што ќе им треба многу време. Ова не е филм за Џејмс Бонд, додаде тој.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај една личност и изјави дека лекарите се подготвени да ја „поздрават и решат“ ситуацијата, пренесува порталот Index.hr.

ВО ХРВАТСКА ВАКЦИНИРАНИ 46.000 ГРАЃАНИ: Лесни несакани ефекти пријавени кај 80 лица

До овој викенд вакцинирани се околу 46 000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно...

Цели семејства, со поспани деца во рацете, се упатија кон градот Агуа Калиенте, недалеку од границата со Гватемала, рано утрово.

КАРАВАН ОД 4.000 МИГРАНТИ ТРГНА ВО АМЕРИКА: Немаме друг избор, тука ќе умреме(ВИДЕО)

Мигрантите од Хондурас, бегајќи од сиромаштијата, се упатија кон САД денес преку границата...