Објавен договорот меѓу Град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ за досега најскапото новогодишно украсување на градот, кое ќе чини околу 260 илјади евра со ДДВ.

Објавил: Македонка Димкин | 1 декември, 2018 10:06

Вистинска атракција или перење на пари? Шилегов џентлемен, за украсување на Скопје 260 000 евра!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Објавен договорот меѓу Град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ за досега најскапото новогодишно украсување на градот, кое ќе чини околу 260 илјади евра со ДДВ. Петре Шилегов, изјави дека „граѓаните мора да добијат нешто што не го добивале досега“.

Што пишуваа во 2014 година тогаш опозициски медиуми за ЛИНК МЕДИА ПЛУС?:

»Оваа компанија е рекордер во новогодишното украсување. Изминативе неколку години ги украсува речиси сите општини во Скопје, а тендери има добивано и во Струмица, Гевгелија и во други градови. Според неофицијално тврдење од општините, „Линк медиа плус“ е единствената што се пријавувала на тендерите за новогодишно украсување.

За бизнисот со новогодишното украсување, од 2009 до 2014 година  „Линк медиа плус“ заработила речиси милион и петстотини илјади евра. Тендерите со кои ги заработила овие пари, фирмата ги добила од Градот Скопје и од општините Карпош, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода. Во сумата не се пресметани парите од Центар и од Ѓорче Петров.

Градот Скопје за оваа услуга платил 56.727.286 денари или 922.394 евра, со тоа што оваа година заедно со „Линк медиа плус“ украсувањето го спроведувала и фирмата „Лутарико“. Општината Карпош платила од 2011 до 2014 година 21.550.000 денари или 350.406 евра, а Гази Баба за новогодишно украсување за истиот период платила повеќе од 5.8 милиони денари или  95.528 евра.«

Линк медиа плус добивала редовно тендери и во Струмица?

Фирмата Линк медиа плус е очигледно етаблирана и ги опслужува сите градоначалници, а била и во Струмица, но она што е сега посебно важно , што градоначалникот кој додека дојде на власт и  од уста не ја вадеше оваа фирма, повторно ја ангажира како што тогаш велеше „фирмата на Коце„. Значи ли тоа дека Шилегов и Коце се ортаци? Или пак е тоа немарност и негрижа, немање идеи за да се заштедат пари и во последен момент се препушта целата работа пак на фирмата од „Коце„

Foto APP 2018 / Како споредба: Буџетот за украсување во град Базел во Швајцарија е 80 000 Швајцарски франци или околу 65 000 евра. Но оваа година изостана спектакуларното осветлувањето во најпрометна улица Freierstrasse што се смета за еден своевиден центр на Базел, бидејќи галвниот спонзор Apple не сакаше да спонзорира, исто како и другите светски бренодви. Осветлувањето беште скоро 100 % финасирано од приватни фирми, во изјава за магазин еден службеник од Општина Базел.

Она што е интересно што оваа година дури 260 000 евра ќе се потрошат за украсување на градот или за цели 65 000 евра повеќе од досега. Во моментов Скопје е најзагаден град во Европа, и ако е Скопје 2014 кич и промашен проект што е тогаш недомаќинското трошење на пари на Шилегов? Зошто овие пари не се употребија за најранливите слоеви, за семејствата кои едвај преживуваат, за навака на инкубатори во државните болници, за децата без родители? На кому му е потребен едно осветлено најзагадено Скопје, ако овде не е во прашање бизнис и перење на пари преку грбот на народот?

Според договорите за јавни набавки, минатата година за оваа намена биле платени 195 илјади евра, исто колку и во 2016 година додека градоначалник беше Коце Трајановски. Во 2015 година украсувањето чинело најмалку, околу 170 илјади евра.

Според договорот, за овие 260.000 евра што ќе се одвојат од буџетот, Скопје ќе добие новогодишна елка што ќе биде поставена на плоштадот Македонија и на неколку други локации, а предвиден е и огномет за новогодишната ноќ. Во договорот од минатата година склучен со фирмата „Линк медиа плус“, пак, не бил предвиден огномет.

Минатата недела градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека „граѓаните мора да добијат нешто што не го добивале досега“.

„Во текот на декември на плоштадот Македонија првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер“, рече тој.

Кој е сопственик на фирмата Линк медиа плус?:

Foto Keystone 2014 / Се шпекулира дека огнометот кој се реализира од бродовите на реката Рајна за време на најлудата ноќ во Базел чини околу 75 000 евра. Притоа 30 000 се дел од Швајцарската лотарија а другиот дел го финансираат приватни моќници кои имаат свои бизниси. Ако се направи споредба со град Скопје каде што сé, ама буквално се, се финансира од џебот на граѓанинот кој едвај преживува , со право се поставува прашањето до кога „политичарите во Македонија„ ќе му го перат мозокот на „Граѓанинот„ преку перењето на пари. Впрочем 65 000 евра за Огномет во Скопје каде што работната снага чини 500 % по малце во однос на еден пиротехничар од Швајцарија, нема ни логика ниту основа?
Точно е во Цирих на пример се даваат и до 500 000 евра за Цири Фест, но со огномет за посетители до два милиони, каде што се остваруваат и до 5 милиони евра од својата посета, вели еден службеник од општина Цирих. Оттука прашање од „лакомите власти„ во Македонија, ви текнало ли да се сетите да ги врзете  профитерите од раскошното осветлување, како што се Хотел Мериот, и другите познати брендови во Скопје? Што е со Лотарија на Македонија? Каде се сите тие кафулиња, бутици, ресторани, хотели, кои профитираат од спектаклот?  Нема дилема, многу е лесно е да се даде одговор, тогаш не ќе може да се перат пари со наместените тендери на невидливите бизнисмени.

» Сопственик е контраверзниот Ѓорѓи Вуков од Скопје. Тој исто како и Заев градел цркви, дали е градењето на црквите замајување на народот притоа покажувајќи се како голем верник, или пак тоа е сепак проверен рецепт за успех кој е наметнат како  услов да се добие тендер од државните власти?

Во далечната 2008 година, финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственикот на „Линк медиа плус“ за затајаување данок, но по спроведената постапка, во чии рамки се барани повеќе вештачења, јавниот обвинител го повлекол обвинението.

„По поднесено обвинение против лицето за сторено кривично дело – даночно затајување, преземени се дејства во насока на утврдување на фактите и доказите во предметот. Надлежното обвинителство поднело обвинение, по што спроведена е постапка, во рамки на која се барани повеќе вештачења. Во текот на главниот претрес, произлезени се нови околности и докази од кои произлезе дека во дејствата на обвинетиот нема елементи на кривични дела кои се гонат по службена должност, поради што јавниот обвинител го повлекол обвинението.

Според кривичната пријава од 2008 година, Вуков и неговата фирма „Линк медиа плус“ затајувале данок преку фирмата „Котин“, каде што тој наводно се претставувал како управител?  Сите клиенти од „Линк“ биле пренасочени  да платат на сметката на „Котин“.

Истрагата на финансиската полиција утврдила дека по извршените трансакции, сопственикот на „Котин“, З.М., како единствено овластено лице, ги подигнувал парите од сметката и задржувал 4- 5 отсто од сумата за сторената услуга, а остатокот му го враќал на Вуков. На тој начин тој успеал да избегне плаќање персонален данок. Според полициските информации, сумата за која бил оштетен буџетот, односно сумата што нелегално завршила во џебот на Вуков, се проценува на околу еден милиони денари.

Но, и покрај тоа што во тој период имаше сомнеж врз Вуков, Министерството за внатрешни работи ја избра неговата фирма „Линк медиа плус“ како најповолен понудувач за набавка на панцири, маици со куси ракави за Македонската полиција и ознаки за униформи. Од МВР објаснуваа тогаш дека „Линк медиа плус“  имале најевтини понуди а од друга страна, сомнеќите не биле пречка бидејќи немало правосилна пресуда против сопственикот на фирмата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести