До сега можеби и не сте знаеле, но шеф Марк де Јонг има македонско потекло. Неговото семејство живеело во Скопје но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.

Објавил: Едмонд Бекири | 22 јануари, 2022 6:56

Вистинска убавица- ќерката на шеф Марк де Јонг ќе ве остави без зборови!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Миленик на публиката кога станува збор за готвењето, со француски шмек. Сигурно погодувате за кого се работи, за шеф Марк добро познат на публиката по кулинарското шоу Брза Кујна кое се емитува секој работен ден на телевизија Сител.

До сега можеби и не сте знаеле, но шеф Марк де Јонг има македонско потекло. Неговото семејство живеело во Скопје но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.

Интересна е приказната за доаѓањето на Марк во Македонија. Тој во неколку наврати ја раскажа својата приказна и вели дека дошол тука поради аманетот кој му го оставила неговата баба. Таа пред да почине го замолила барем еднаш да дојде во посета на земјата од каде потекнува неговата мајка.

„Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан, раскажува Марк за Сител.

Инаку, пресудна за него и за текот по кој се одвива неговиот живот во Македонија била и средбата со Адријана Алачки која му предложила да дојде и да направи емисија во неговиот ресторан во Брисел. Следниот чекор бил неговото доаѓање во Скопје и сето друго е веќе историја. Инаку, љубовта кон готвењето делумно ја наследил и од неговиот татко, кој по 11 години работа како полицаец решил да отвори ресторан со белгиска национална кујна.

Слободно можам да кажам дека таму ми беше навистина добро, но овде ми е уште подобро, можам да ги мешам искуството и знаењето со тукашното овошје и зеленчук и да создавам прекрасни вкусови. Сигурен сум дека и моите гости од белгискиот ресторан кога би имале можност да ја пробаат мојата храна која ја подготвувам во Македонија, би биле многу позадоволни од нејзиниот вкус, раскажа Марк за Сител.

Фановите на Марк веќе се запознаени дека тој е во брак со Василка со која има две деца кои не живеат во Македонија. Иако Марк е експониран во јавноста сепак неговите деца не ги гледаме баш често. Но две фотографии со својата ќерка кои ги објави Марк го одвлекоа вниманието на јавноста. 

Мора да признаеме дека неговата ќерка е вистинска убавица со нежна насмевка, русокоса со светло зелени очи.

Децата на шефот Марк од „Брза кујна“ живеат во Белгија, а тој не пропушта можност да се пофали со неговото македонско потекло па во неговиот ресторан во Белгија на луѓето им кажувал колку е горд што неговата мајка е од Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таткото на Новак Ѓоковиќ, побарал од Боба да инвестира 500.000 евра во младиот тенисер, односно неговата идеја била тој да добива по 15% од секој договор кој ќе го склучи Ѓоковиќ, но Боба ја одбил ваквата понуда велејќи дека таквата инвестиција нема смисла.

Боба Живоиновиќ не сакал да инвестира во кариерата на Ѓоковиќ- изгубил многу пари поради таа грешка

Боба Живоиновиќ, сопругот на познатата пејачка Лепа Брена, кој е поранешен српски...