Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата“, подвлече Битиќи.

Објавил: Перо Милчин | 30 јануари, 2021 20:58

Вицепремиерот Битиќи: Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со претставници на Независната угостителска комора (НУК), со кои разговараше за нивните видувања во однос на досегашната поддршка на стопанството преку имплементацијата на четирите сета антикризни мерки, а дискутираа и за предлогот на новиот, петти сет на економски мерки, кој се очекува Владата да го усвои и објави во периодот кој следи.

Вицепремиерот посочи дека Владата уште од самиот почеток, имајќи го предвид глобалното влијание на пандемијата, како и ограничувачките мерки за заштита и превенција од ширењето на коронавирусот Ковид 19, ги детектираше угостителскиот и туристичкиот сектор, како сектори кои имаат негативни последици.

Токму заради тоа, додаде Битиќи, Владата досега креираше четири сета на мерки, во кои еден од главните фокуси беше ставен токму на поддршката на угостителскиот и туристичкиот сектор, но и на сите други сектори кои бележеа загуби поради пандемијата.

„Владата работи на сетови на мерки кои ќе ја придвижат економијата напред. Во претходните сетови мерки, угостителството и туризмот беа сериозно поддржани, затоа што државата со уредба го ограничи нивното работење. Во моментов факт е дека угостителите имаат можност да работат, секако следејќи ги протоколите кои комисијата за заразни болести ги предложи, а Владата ги усвои. Со тоа што голем дел од угостителите имаа можност и да ја прилагодат својата работа со воведување на достава на производите до своите клиенти. Во време на оваа светска криза, ние сите се прилагодуваме, но она што е начело кое го имаме од почетокот и кое е зад сите политики кои ги носиме, тоа е солидарноста и правичноста при креирање на мерките. Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата“,  подвлече Битиќи.

Владата продолжува да биде посветена на отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни, што подразбира консултации помеѓу чинителите и инклузивен процес при креирањето и донесувањето на економските мерки. Ова е веќе воспоставена практика, која ќе продолжи и понатаму.

Средбите на засегнатите чинители со претставници на Владата, се определуваат по соодветни ресори, за да може да се сослушаат сите, чијшто глас треба да биде слушнат. Сите предлози кои се доставени до Владата и ресорните министерства внимателно и темелно се разгледуваат и консултираат помеѓу сите економски ресори, а на крај, се донесува одлука на седница на Владата, како колективно тело кое донесува одлуки со консензус по што истите ќе бидат соопштени пред јавноста.

„Во духот на отворениот пристап на оваа Влада, ги поканувам сите гранкови комори кои чувствуваат дека не се доволно претставени, да се организираат во тело кое тие сметаат дека е соодветно, за да можеме да ја олесниме комуникацијата и да го зголемиме претставувањето на сите оние кои заслужуваат да бидат слушнати“, додаде вицепремиерот Битиќи.

Предлогот на петтиот пакет, кој се уште не е финално дефиниран, содржи околу дваесет мерки, кои се таргетирани да ги поддржат најпогодените сектори и граѓани од здравствената и социо-економската криза, со фокус на задржување на ликвидноста на компаниите и спас на работните места, но и да ги стимулираат компаниите да продолжат да се развиваат и растат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во СДСМ знаат дека поддршката кај граѓаните од ден во ден е се помала за нив. Според последните мерења на мислењето на јавноста ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 22.5% наспроти 17.9%.


Народот се повеќе се одлучува за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае кој може да ги решава нивните проблеми и кој може да го реализира ветеното.

Пиунот Ковачевски е исплашен од избори и затоа што неговиот личен рејтинг е скоро 4 пати помал од рејтингот на претседателот Мицкоски. Имено 17.7% од граѓаните даваат поддршка за претседателот Мицкоски, додека само 5.5% за Ковачевски.

Јасно е зошто е стравот во СДСМ. Но тие мора да сфатат дека иднината на државата не смее да биде заложник на нивната желба за власт.

ВМРО-ДПМНЕ уште претстојната недела ќе поднесе законски измени до собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори.

Истовремено ги повикуваме и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш.

Очекуваме одговорност од сите политички чинители. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ.

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат. Во СДСМ...

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...