Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Објавил: Македонка Димкин | 19 февруари, 2020 18:25

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Фото/Текст извор: ©магазин

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство, а кои се објавувале секој ден од страна на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања, со цел, според него, лична дискредитација на брат му и нивното семејство. Во продолжение го пренесуваме во целост неговото обраќање.

– Како и најголемиот број од нашите граѓани, јас и моето семејство цели 11 години, за време на режимот, бевме под притисок, под закани и уцени, а исто како и голем број други слободни граѓани, бевме изложени под смислена црна пропаганда преку медиумите што ги контролира Никола Груевски. Деновиве се потсетувме на дел од овие методи на режимот, ги видовме остатоците на заробената држава повторно како реализираат црни кампањи. Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски.

Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту кој било член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како ‘Рекет’ ниту, пак, со лагите што на прес-конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ. Изнесените невистини дека сум се среќавал со лицата осомничени за овој случај, дека сум седел, дека ме имало на некои снимки – ги демантирам, тоа не е точно.

Обидите за мое инволвирање на каков било начин во валканата политичка кампања сметам дека е намерно, лажно и тенденциозно со единствена цел – да му се наштети на Зоран Заев и политиките што ги спроведува.

Вице ги повикува истите оние Иституции против кои неговитио брат Зоран пред два дена протестираше бидејки немало правда да ги изнесат сите тие наводи,

Ги повикувам сите надлежни институции да ги проверат сите изнесени наводи, да ги објават сите снимки, видеа, аудиоматеријали, сè што има барам да се објави за јавноста да се увери во вистината. Самиот факт што законски била спроведена постапката за прибирање докази и видеоматеријали потврдува дека никој нема контрола над постапките што се водат во МВР, во Обвинителството и судството, освен надлежните институции. Ако некој имал контрола на овие институции, како што беше за време на режимот, тоа никогаш немало да се случи. Народот гледа што се случува и сè му е јасно. Со невистини и лажни вести цел е семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што тој е најголема закана за вистинските криминалци. За овие луѓе нема ништо свето, ниту семејството, уште помалку граѓаните или државата.

Семејството Заеви, односно Зоран Заев, е трн во окото за сите што се под контрола на Никола Груевски, избеганиот криминалец, и кои не им мислат добро ниту на државата ниту на граѓаните. Ја уништуваа 11 години нашата татковина и избегаа за да се соочат со одговорност. Затоа се шират лажни вести преку медиумите под нивна контрола, се шират измислици, секојдневно се пласираат тешки лаги, клевети, но и на прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ не се избираат начини, ниту средства, да му се наштети на Зоран Заев и неговото семејство.

Им пречи затоа што беше најуспешен градоначалник на Струмица. Им пречи затоа што го сруши нивниот режим со пенкало. Им пречи затоа што ги донесе слободата и демократијата. Им пречи затоа што застана храбро против неправдите. Им пречи затоа ја придвижи економијата, ја врати социјалната сигурност, им помага на ранливите, не дели, туку обединува. Им пречи затоа што успеа својата татковина да ја извади од калта и да ја внесе во НАТО, на чекор до ЕУ. Но, најмногу им пречи затоа што се избори да се донесе законот за Јавното обвинителство, со кој конечно доаѓа правда, се обезбедува правна држава и секој што згрешил пред законот, ќе одговара. Нема спас за криминалците. Ги чека затвор.

Јас не сум политичар и немам намера да се занимавам со политика. Со ова мое обраќање до јавноста сакам да соопштам дека нема повеќе да комуницирам, ниту да реплицирам на нивните лаги, измислици, конструкции. Нема да дозволам да ме вовлечат во нивната кал. Не сум згрешил ништо, не сум прекришил ниту еден закон, работам одговорно и чесно. 11 години моето семејство, бизнисот со кој се занимава, беше цел на многубројни контроли, секојдневни инспекции од партизираните институции, па дури и тој режим не најде ништо незаконско затоа што незаконско нема. Вистината е секогаш посилна од лагата.

Според нашите сознаниа платата во семејстовото Заев тоест во нивните фирми се движи од 150 до  200 Евра , што значи дека сите се задоволни и затоа Заеви се успешни во бизнисот  одностно во нивнитио начин како го водат?

Јас продолжувам да се занимавам со бизнисот со кој сум уште од 1990 година наваму. Семејството Заеви е успешно семејство не заради политиката, туку заради луѓето и начинот на кој го води бизнисот, одговорно и чесно, овде во нашата родна земја. Обезбедуваме околу 800 работни места и придонесуваме во економијата со годишен данок по сите основи од речиси 1 милион евра. Тоа се факти што говорат за посветеност, за желба, за напредок и ние така ќе продолжиме. На тие што 11 години извршија грабеж на државата и ја држеа во изолација ценам дека им е кристално јасно дека нема да успеат да се спасат од одговорност ниту, пак, да го застанат напредокот на државата.

Јас, како и целото мое семејство, му даваме на Зоран Заев целосна поддршка да го заврши она што заедно со мнозинството граѓани во оваа земја го почна – да нема режим, криминал и корупција, да владее независна правна држава во која секој е еднаков пред законите. Да не се вратиме во мракот. Никогаш повеќе да не се повтори режим! Ние ќе ги трпиме сите навреди, лаги, притисоци заради граѓаните на нашата заедничка татковина, Република  Македонија, нивните семејства и нивните деца, за нејзината иднина, за нејзината слобода – се вели во обраќањето на .

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...

Инфекцијата со КОВИД 19, како и секоја вирусна инфекција не се лечи со антибиотици. Обично вирусните инфекции се лечат симптоматски т.е. се дават лекови според клиничката слика и симптоматологија.

Доктор Чибишев: Не земајте лекови на своја рака- антибиотици не го лечат Коронавирусот!

Професорот  по интерна и ургентна медицина на Факултетот за медицински науки при...