Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази – ни изјави Заев.

Објавил: Сара Фемина | 26 јануари, 2020 17:16

Вице Заев за Фокус: Ова се измислици- Ме потсетува на времето од РЕЖИМОТ, времето на јавен отстрел на семејства и монтирани случаи во судството

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, реагира дека написите во „Ла Верита“, врз основа на кои ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека бил дел од злосторничко здружение за спроведување на изборен криминал, се стари режимски монтирани случаи.

Во изјава за Фокус, тој вели доколку имало макар мала вистина во ваквите обвинувања, обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски немало да ја запре постапката и да не преземе ништо.

-Мене и јавноста ова не потсети на методите и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми од едно минато време на режимот. Време на конструкции, монтажи, монтирани случаи во судството и обвинителството, јавен отстрел на семејства, неистомисленици… Време кога главна мета на најдолните измислици и монтировки беше токму Зоран Заев.

Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази – ни изјави Заев.

-Мене и јавноста ова не потсети на методите и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми од едно минато време на режимот. Време на конструкции, монтажи, монтирани случаи во судството и обвинителството, јавен отстрел на семејства, неистомисленици… Време кога главна мета на најдолните измислици беше токму Зоран Заев.

Тој тврди дека бил постојано прислушуван за време на претходната власт на ДПМНЕ и Груевски, меѓутоа, како што истакнува, од сето тоа не произлегло ништо и затоа се им пропаднало. Воедно, Заев посочува дека изборната кражба на споменатите парламентарни избори во 2014 година не ја спровел СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ, што, според него, било јасно од објавените „бомби“.

-Изборен грабеж, лажни лични карти, Пустец, кражба на изборен материјал, блокирани лифтови, црни вреќи, влечење за уши… се тоа е дел од изборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ. Оставам јавноста да цени дали ова што сега се прави е поради страв од нов изборен пораз на ВМРО-ДПМНЕ, дали е поради членството во НАТО и ЕУ, или можеби поради страв од донесување на новиот Закон за Јавното обвинителство, кој ВМРО-ДПМНЕ очајно не сака да се донесе – вели братот на лидерот на СДСМ.

Инаку, италијанска „Ла Верита“ денес пишува дека постоечката документација во обвинителството се состои од извадоци од снимени разговори, според кои, како што заклучува медиумот, Заеви управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени со цел добивање гласови, особено на Ромите кои живеат во Струмица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.

Ноќеска полицијата уапси познат криминалец близок до СДСМ

Полициските сили на СВР Скопје вечерва го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец...

Потпишани се законите за јавното обвинителство како и изменувањето и дополнувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски уште на скали го потпишал законот за ЈО!

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на...

Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат.

МИЦКОСКИ: Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека...

Според Фрчкоски причината за критиките на експертите за законот е во очекувањата дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ тие би добиле нешто од новата власт.

НЕВИДЕН СТИЛ: За Фрчкоски експертите кои го критикуваат законот за ЈО се “ДРОЉИ” И “ТЕТКИ“(ВИДЕО)

Екс министерот за внатрешни и надворешни работи и кандидат за претседател на Македонија...