Непосредно пред изборите Вице остварил средба со Филипче, кој важи за министер за кој се поврзуваат голем број на скандали, во кафана во Дојран.

Објавил: Перо Милчин | 11 мај, 2019 18:45

Вице Заев ќе го спасува министерот за здравство Венко Филипче од „метлата” на својот брат Зоран Заев!

Фото/Текст извор: ©lider.mk

Вице Заев ќе го спасува министерот Венко Филипче од „метлата” на својот брат Зоран Заев, дознава Економски Лидер од извори од СДСМ.

Непосредно пред изборите Вице остварил средба со Филипче, кој важи за министер за кој се поврзуваат голем број на скандали, во кафена во Дојран.

Неофицијално дознаваме дека бизнисот со марихуаната е причината за блискоста на братот на премиерот со министерот за здравство, пишува лидер.
Како што претходно откривме Заеви се сопственици на една од седумте лиценци за одгледување на канабис, преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на Трајче Заев а дел од управните структури е и Вице Заев.

„Канабис ОНЕ Доо Струмица“ е втора компанија која се поврзува со нив, што значи, Заеви контролираат две од осумте компании лиценцирани компании за одгледување на марихуана и контролираат 25% од вкупно сите компании во земјата кои се бават со оваа дејност. Инаку во сопствеништвото на „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ се јавува името на Ване Андреев, личниот адвокат на премиерот Зоран Заев кој во исто време е член на управниот одбор на адвокатската комора на Македонија.

Министерството за здравство е токму таа институција која што издава одобренија за одгледување на марихуана за медицински цели.
Според извори на Економски Лидер од СДСМ, Вице одлучил да го спасува Филипче од „метлата”, се со цел компании блиски до него и до неговата фамилија да добијат лиценци за оваа дејност.
Министерот Филипче беше на удар на јавноста и е прв на листата за заминување од извршната власт, поради бројните скандали кои се поврзуваат со него, а и поради тоа што е кадар поставен по желба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а не по волја на премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести