Македонија
Економија
Според најновата црна листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи на Македонија, може да се забележи дека двете најголеми фирми на братот и братучедот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев и Трајче Заев се наоѓаат на црната листа на должници спрема државата,објави Курир.мк.
![]()
Имено, според официјалниот документ од Управата за јавни приходи, фирмата Еленица која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9. 959. 869 денари по основ на данок на додадена вредност како и по основ на данок на добивка.
![]()
Но и како Трајче Заев, така и Вице Заев има неподмирени средства спрема државата, имено според УЈП, Вице Заев за фирмата Дравас Инжинеринг е должен 16.944.150 денари и тоа по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и по основ на персонален данок на доход.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Економија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.