Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2021 17:17

Вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.

Вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани.

– Вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

✅68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅65% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅61% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

– 51% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

395 нови случаи на ковид-19 – починале 14 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во...

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.

Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.

Има 6.967 активно заразени од Ковид-19, повеќето се од Скопје

Во текот на оваа недела забележан е намален број на починати лица од коронавирусот...