петок, 26 април 2019

MK/ EN/ DE



Своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2019 10:15

Вкупно 1.782 граѓани ќе може да гласаат за претседателските избори во странство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Државната изборна комисија ваквата одлука ја донесе по завршување на рокот за поднесување пријави за гласање во Дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на 14-ти овој месец.

Вкупниот број на граѓани кои извршиле Јавен увид во Избирачкиот список за претседателските избори кој траеше во периодот 23 февруари до 14 март е 53.972 граѓани.

На седницата на Државната изборна комисија донесе Упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Охрид, Ново Село и Дебар, Упатството за работа на општински изборни комисии и изборна комисија на Градот Скопје, Одлуката за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласање и Одлуката за објавување на описите на избирачките места.

Во однос на поднесените барања за добивање овластување за набљудувачи за Претседателските избори 2019 година, на оваа седница за разгледување беше ставено Барањето од ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права – Мисија за набљудување на избори и истото беше усвоено.

На седницата донесени и заклучоци за примена на следните акти: Упатство за гласање на немоќно или болно лице, Упатство за гласање на лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, Упатство за гласање на избирачи кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско – конзуларните претставништва односно конзуларни канцеларии, Упатство за утврдување на личниот идентитет на гласачот, Упатство за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, Упатство за примена на член 112-а од Изборниот законик за лица со посебни потреби, Упатство за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на жрепка, Упатство за начинот и постапката за решавање приговори за спроведување на претседателските избори, Упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња и Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите, стои во соопштението на ДИК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Димче Арсовски изјави дека по првиот круг од изборите владеачката партија и лидерот и премиер Зоран Заев вршеле притисоци врз вработените во јавната администрација.

“Премиерот Заев се заканува дека ќе брка вработени од Град Скопје”

На денешната прес конференција портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски...

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, укажуваме дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ

Кабинет на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро реагира за политичката...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial