За оние кои не се љубители на месото овие вегетаријански плескавици се идеален рецепт за ручек.
Верувајте не ви е потребно многу време ниту мака, овие плескавици се прават експресно а се превскусни и што е најважно нискокалорични.
Потребни состојки:
две тиквици,
два моркови
1 јајце,
1 кромид,
½ чаша брашно,
сол,
50 грама сирење,
црн пипер и вегета.
Подготовка
Најпрво излупете ги двете тиквици и потоа изрендајте ги. Потоа убави исцедете ги од водата и ставете во подлабок сад. Потоа изрендајте и два моркови и додадете ги во садот со изренданите тиквици, потоа додадете едно јајце, ситно исечканиот кромид, ситно изрендано сирење, брашното, сол, црн пипер, вегета и сечкан магдонос.
Кога ќе се добие хомогена смеса, се прават топчиња кои ги обликувате во вид на плескавици. Плескавиците се пржат во загреано масло.
На крајот, кога ќе заруменат, извадете ги на салфетка за да се исцедат.
Добар апетит!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.