Живот
Рецепти
Омлет е француско јадење кое се подготвува од скршени јајца во засолено млеко (може и со вода) и испржени во тиган. Во омлетот можат да се додадат зеленчуци и различни млечни производи, месо и колбаси, од кои најпопуларни се: сирење, исечкана шунка (или друг колбас), печурки, лук, магдонос и др., што зависи од самиот готвач.
Во различните национални кујни постојат повеќе видови на омлет: шпански тортилја, италијанскифритата, јапонски ому-рајсу и ому-соба, со ориз и морски плодови.
Омлетот е популарно јадење во светот поради лесната и брза подготовка, како и поради својата хранлива вредност и различните вкусови добиени благодарение на додатоците.
Состојки:
3 јајца
100 грама сирење
свеж магдонос по вкус
зачини по вкус
Начин на подготовка:
Сирењето иситнете го со вилушка или изрендајте го.
Јајцата ги матиме во посебен сад, ги посолуваме и додаваме бибер по желба.
На загреано масло во тава ги додаваме изматените јајца.
Кога ќе се испржат од едната, ги вртиме да се испржат и од другата страна.
Тогаш го додаваме сирењето и го преклопуваме омлетот.
Кога омлетот е готов наросуваме и свеж магдонос по желба.
Сервирајте со свежа салата од домати, пиперки, краставици и маслинка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.