Превкусна и неодолива салата со сирење, компири и моркови.

Објавил: Сара Фемина | 20 јули, 2019 22:13

ВКУСНА САЛАТА СО СИРЕЊЕ, КОМПИР И МОРКОВИ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Многу брза, а уште повкусна салата која ќе ви се најде кога имате непредвидени гости.

Салата со само неколку состојки, но сепак превкусна и декоративна. Направете вкусна салата со компир, моркови и сирење. Уживајте во вкусот на оваа салата, која се спрема само за неколку минути.

Можете да ја гарнирате со краставици или магдонос. Се е по ваша желба.

Состојки:

600 гр. компир
500 гр. моркови
4-5 лажици сирење
½ шолји млеко
8 лажици кисело млеко
4 лажици семки сончоглед
3 струка млад лук
сол и магдонос

Подготовка:

Се лупи и сече компирот, се лупи и сече и морковот и се варат со сол.
Се меша во сад ронетото сирење со млеко и кисело млеко и се става магдонос, па се ставаат сварените компири и моркови.
Се става горе исечен млад лук и семки сончоглед или се украсува по избор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.