Добар апетит !!!

Објавил: Владо Марин | 19 октомври, 2020 20:11

ВКУСНО ТОПЕНО СИРЕЊЕ: ПРОБАЈТЕ ГО !!!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За добро топено сирење потребна е само добра температура на печење и добро одбрани сирења!

Ние ви предлагаме совршен рецепт за топено сирење од кои сите ќе бидат задоволни.

СОСТОЈКИ:

  • 1 парче сирење
  • 1 парче кашкавал
  • 100 гр Пекабеско кулен
  • 200 гр кечап
  • 200 гр павлака
  • оригано

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во земјен мал сад ставаме еден ред павлака, потоа кечап и малку оригано.
  2. Врз тоа редиме неколку парчиња кулен во еден ред, па поголеми парчиња сирење, исто така еден ред.
  3. На крајот, ставаме подебел слој рендан кашкавал.
  4. Се пече во рерна загреана на 220 степени околу 20тина минути.
  5. Со ова топено сирење ви препорачуваме и форнаринки.

Оваа доза е доволна за три мали земјени садови.

Добар апетит!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.