Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
Во текот на утрешниот ден (вторник, 3 август) стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.
Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.
Претседателот Стево Пендаровски како Врховен командант на Армијата во 16.30 часот издаде наредба за ангажман на армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.