Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Објавил: Сара Фемина | 4 јули, 2022 17:45

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа и консултациите на премиерот Димитар Ковачевски со претставници на владината коалиција и опозицијата!

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

„Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на македонски јазик, го објави европскиот предлог“, соопштија од Владата додавајќи дека продолжуваат со транспарентно информирање на коалицијата, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.

Македонската верзија на документите може да се преземе на следните линкови:

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа и консултациите на премиерот Димитар Ковачевски со претставници на владината коалиција и опозицијата.

Вчера имаше и состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, по што шефот на државатапосочи дека за него модифицираниот француски предлог е прифатлив. Доколку Владата го усвои, Пендаровски побара да се донесе и заклучоци дека ако се појават дополните барања, ќе се откажеме од идејата за членство во ЕУ.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по која порача дека е време за мудри одлуки. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена.

Трите коалициски партии – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП исто така вчера имале средба со Ковачевски, на која му порачале и дека за нив е неприфатливо билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес. Францускиот предлог ќе се дискутира и на пленарна седница во Собранието.

Утрово премиерот имаше средба и со лидерот на опозициската Алијанса за Албанците чиј лидер, Зијадин Села, потоа изјави дека за него францускиот предлог е прифатлив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести