Денеска Владат до Собранието на Република Северна Македонија ја достави листата со предлози за заменици-министри.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 18:30

Владата даде предлози за заменици-министри: Еве кои ќе бидат втори луѓе во министерствата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието на Република Северна Македонија ја достави листата со предлози за заменици-министри.

За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат:

– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;

– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;

– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;

– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;

– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;

– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;

– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;

– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со предлог листата за заменици-министри се доставени и биографиите на кандидатите, стои во соопштението од Влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.