ВМРО ДПМНЕ бараат целосно, а не парцијално прифаќање на нивниот предло

Објавил: Македонка Димкин | 29 септември, 2022 12:18

Владата да го поддржи предлог-законот за енергетика поднесен од ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©инго плус

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска достави барање до Собранието за одржување итна седница за предлог-законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на Законот за енергетика, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција во Собранието.

Според Мицевски, Владата препишала делови од предлог-мерките што тие како ВМРО-ДПМНЕ ги понудиле.

– Она што Ковачевски го презентираше не е доволно. Во мерките кои Ковачевски ги презентираше  слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи, но случајно или не, ги изостави воодстопанските и комунални претпријатија кои поради виоските цени на електрична енергија имаа проблем со ликвидноста и може да доведе до повисоки сметки на домаќинствата и стопанството, рече Мицевски.

Тој нагласи оти бараат целосно, а не парцијално прифаќање на нивниот предлог.

– Со предлог-законот за енергетика што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе, опфатени се и воодводните и комунални претпријатија кои имаат огромни трошоци за електрична енергија. Ако СДСМ, Владата и Ковачевски навистина се грижат нека го поддржат нашиот закон за енергетика, потенцира Мицевски, додавајќи оти со тоа директно ќе им олесни на граѓаните да не дојде до поскапување на услугите поврзани со водоснабдувањето.

Според Мицевски има условување од страна на премиерот Ковачевски во однос на денешната седница за пратенички прашања со четирите предлог закони, односно она што вчера било понудено – законот за енергетика од Владата, кој, како што посочи Мицевски, не е стигнат во Собранието, законот за нафта и нафтени деривати кој исто така не е стигнат и кризните сосотјби и задолжување во ЕБОР.

– Дали од незнаење или поради конфузност односно брзање да се одржи вчера таа прес-конференција за предлог мерки, премиерот навлезе во ингеренциите на Собранието, односно на претседателот Талат Џафеери. Од она што денеска го гледам, бидејќи не беше закажана нова седница пред пратенички прашања, сметам дека Талат Џафри успеал да се избори над притисокот на Владата, односно деловнички загарантираната обврска на пратениците, а тоа е одржување на пратенички прашања секој последен четврток во месецот да остане зашто навистина Владата има што да одговори на прашањата и ќе бараме дополнителни одговори, посочи Мицевски.

На прашање на МИА дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата за референдум на Левица, Мицевски рече дека ќе почекаат иницијативата да дојде во Собрание, па ќе излезат со став по истата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владејачката...

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...