Министерот за транспорт Александар Николоски на денешната владина седница информираше дека е пристигнато писмо со намери од операторот 4iG групација од Унгарија. Ова писмо доаѓа откако Владата информираше дека има намера да ја зголеми конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија, а неодамна министерот Николоски во Будимпешта имаше средба со Гелерт Jaсаи (Gellert Jaszai), претседател на 4iG групацијата, вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија.
„4iG Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, 4iG групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE. 4iG Групацијата изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на 4iG групацијата за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан“, соопшти Владата на Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.