
Македонија
Вести
По доставувањето на дополнителни осум амандмани од страна на албанските опозициони партии, во Владата вистински хаос, не знаат колку амандмани ќе поднесат до Собранието на Македонија.
И владиниот портпарол последно што изјави е дека сеуште траат координациите околу усогласувањето за измените на Уставот,
Во оној момент кога тие ќе бидат во пишана форма ќе бидат јавно објавени и доставени до Собранието за нивно финализирање. – изјави Бошњаковски, не прецизирајќи притоа кога би можело тоа да се случи, по најавите дека дел од амандманите би можеле денес или утре да се достават до пратениците.
Петнаесетдневниот рок што му го даде Собранието на Владата за изготвување на нацрт амандманите истекува следната сабота на 3 ноември, но премиерот Зоран Заев најави дека тоа би можело да се случи и пред овој рок.
Според текот на настаните, нацрт – амандмните, сепак, би требало да дојдат во Собранието до средината на следната недела.
Владејачките партии ја повикаа опозициската ВМРО – ДПМНЕ да се вклучи во разговорите за уставните измени, но се песимисти дека тоа би можело да се случи.
Но, разговори за нацрт-амандманите извесно е дека ќе има со осумтемина пратеници што гласаа „за” уставните измени, кои се очекува да формираат нова пратеничка група, како и пратениците Албанци.
И официјално Беса и Алијанса за Албанците најавија повлекување на својата поддршка за гласање уставни измени ако нивните амандмани не се најдат на дневен ред во законодавниот дом, дел од одметнатата осумка од претеници, од друга страна најавува дека тие не се согласиле и за осумте амандмани на Беса и АзА.
Заев бара решение 12 уставни амандмани за промена на 55 членови од Уставот на Македонија и Преамбулата да ги претстави само како четири козметички интервенции.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.