Мицкоски

Објавил: Калина Мартинска | 5 октомври, 2024 16:32

Владата задоволна сум од мерката намалување на маржата за 10 проценти

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„Морам да кажам дека сме исклучително задоволни од тоа што се случува во одредени маркети, не во сите, бидејќи во некои за жал имаме и шпекулативно однесување. Но, таму каде што се намалени цените, се намалени со оваа таканаречената есенска кошничка некаде и повеќе од 10 проценти. Посебно тоа се однесува на производите кои се од житарици“, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од мерката намалување на маржата на прехранбените производи.

Мицкоски истакна дека и мерката намалување на маржата на училишниот прибор каде дел од производите се намалиле од 25 проценти влијаела врз животниот стандард на граѓаните.

„Исто така би сакал да кажам дека и со мерката за намалување на училишниот прибор дел од производите се намалија до 25 проценти, некаде и до 30. Тоа е голема заштеда за граѓаните која што исто така влијае за стандардот“, рече тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека инфлацијата во месец август е 2,2 проценти, како и дека ќе продолжат да работат посветено и одговорно во интерес на граѓаните и на подобрување на животниот стандард.

„Ќе ми дозволите да кажам дека стапката на инфлација е во месец август 2,2 проценти. Пред една година стапката на инфлација беше повеќе 20 проценти, тоа беше директен удар врз стандардот на граѓаните. Значи сега имаме ниски цени, инфлација која што е најдобра во регионот и една од најдобра во Европа и уште повеќе ќе правиме, ќе носиме мерки и политики за да ја намалиме уште повеќе инфлацијата. Се сеќавате претходната влада кажуваше дека инфлацијата е увезена, иако таа во тој момент беше два пати повисока од инфлацијата во Европската унија“, посочи Мицкоски и додаде:

„Продолжиме да работиме, посветено, одговорно и чесно. Нас граѓаните не плаќаат и мораме да го слушаме гласот на народот, затоа што нема друга алтернатива.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...