
Македонија
Вести
Очекувана и разумна одлука, велат од Владата за одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која ја отфрли тужбата за патувањето на синот на премиерот во САД.
Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека она што сега се очекува е извинување за сите шпекулации изнесени во врска со овој случај.
– Очекувана и разумна одлука со што уште еднаш се потврдува начинот на којшто функционира Владата, а тоа е почитување на Уставот и законите. Денес јасно се гледа од каде доаѓаат тие шпелукации и очекуваме дека во најмала рака треба да се поднесе извинување за сите шпекулации, рече Митева, одговарајќи на новинарски прашања на првата прес-конференција откако вчера беше назначена на оваа функција.
Синот на Мицкоски во САД – не бил дел од владината делегација, сам си ги платил патот и сместувањето
Антикорупциската комисија денеска информираше дека е отфрлена тужбата за патувањето на синот на премиерот затоа што по извршената проверка на документацијата не е утврдено прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не е утврдено користење на буџетски средства за приватни цели.
Според ДКСК, од доставената документација за хотелското сместување на членовите на државната делегација во САД, констатирано е дека синот на премиерот не престојувал во истите хотели каде престојувале тие, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.