Владата на Македонија, на седница именуваше пет амбасадори за испразнетите 30 амбасадорски места, информациите говорат дека тоа се имињата кои претходно ги објавивме

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 6:22

Владата именуваше амбасадори за кои Магазин веќе информираше

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата на Македонија, на синоќешната 101 седница, конечно именуваше нови амбасадори за испразнетите 30 амбасадорски места низ дипломатско конзуларните претставништва низ светот.

Министерот Димитров, ги поднесе имињата за кои Магазин информираше три дена претходно.

Негодувањето што медиумите ги објавуваат имињата на идните но и предлог одбиените амбасадори наишло на нервозна реакција кај министерот за надворешни работи, кој низ МНР спровел “акција” за инфомирање кој лиферува.

Работата на министерот а пред се министерството се јавни, како се финансирани во целост од Буџетот на Република Македонија кој го полнат граѓаните на Македонија.

Владата на 101 седница именувала пет нови амбасадори: 

Рамадан Назифи (Берлин)

Екрем Ебиби (Сараево)

Абдулакадер Мемеди (Арапски емирати)

Оливер Крлиу (Шпанија)

Ненад Колев (Австрија)

Бучковски и Фрчкоски извисија, прва жена амбасадор во НАТО

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.