Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските

Објавил: Мате Парлоф | 29 декември, 2022 16:46

ВЛАДАТА И МОН ПОВТОРНО ГИ ИЗВИСИЈА СТУДЕНТИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број на студенти се соочија со здравствени потешкотии по труење со храната од мензата, денеска се соочивме со уште едно разочарување за студентите.

Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат.
 
Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските средства кои не беа изедначени со новата сума, ниту тие средства беа исплатени а ниту новите рати за стипендии кои ги добија студентите денес не беа по изедначената сума, односно ја добија истата сума како лани, за која Комисијата за Спречување и Заштита од Дискриминација утврди дека е дискриминаторска.
 
Резултати за новоподнесените апликации за стипендии сеуште нема, иако првиот семестар од академската година заврши, а резултатите од истиот лани МОН ги објавија во месец Октомври!
 
Сè уште нема укинивање на рестриктивните мерки кои важат за штедење на електрична енергија во Студентските Домови, и студентите таму сеуште живеат со рестрикции, со млако парно, млака/ладна вода и со исклучени лифтови и решоа!
 
Студентите повторно се извисени од надлежните институции пред празниците кои следат.
 
Студентски отпор бара неотповиклива оставка од Министерот за Образование и Наука, Јетон Шеќири и разрешување на директорот на ДСД „Скопје”, Виктор Велевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Претходно, прашан во врска со заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ во кои се вели дека ќе биде свикана втора меѓувладина конференција веднаш штом земјава ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени во согласност со внатрешни процедури, Мицкоски рече:

„Е сега ако ја гледаме Преговарачката рамка (со ЕУ) таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија, може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи“

360 степени“ вчера потсети дека во Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан лани во јули, пишува:

„Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“.

Во заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ, пак, се „поздравува намерата на Северна Македонија да започне и да ги направи потребните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од други народи, како Бугарите“.

Мицкоски: За уставни измени со „одложено дејство“ ќе бараме гаранти да бидат ЕУ и САД

Ова го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостувањето во...

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката Весна Дамева.

Со овие зборови судијката Мирјана Радевска-Стефкова ја образложи оставката на денешната седница, на која покрај нејзината, советот ја констатираше и оставката на судијата Зоран Герасимовски, кој рече идеолошките поделби со дел од членовите на советот се една од причините за оставката.

По прифаќањето на на оставките, советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели. Токму Ханиф Зендели пак, на предлог на членот Ивица Николовски денеска беше избран за нов потпретседател, откако неговиот претходник Селим Адеми си поднесе оставка по контроверзното разрешување на Дамева. Со девет гласа за и еден против на чело на советот застануваат двајца судии, а новоизбраниот Зендели рече дека советот и во иднина треба да работи како поддршка за сите судии.

Оставките на Герасимовски и Радевска-Стефкова доаѓаат по во време кога холандскиот амбасадор во земјава го нарече советот нелигитимно тело, а претседателот Пендаровски изјави дека советот со овој состав се посрамотил во јавноста.

Советот изминатите месеци постојано е мета на скандали, па по контроверзното разрешување на Дамева следуваа бројни превирања, а неодамна и двајца членови на советот пријавија дека некој им претурал по работите во канцеларијата, инцидент за кој истрагата и натаму е во тек.

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател во Судскиот совет

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите...