Во соопштението на опозицијата стои дека владата на СДСМ е виновна за иселувањето на младите од Република Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2019 22:44

Владата на СДСМ е виновна за иселувањето на младите од Република Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Опозициската партија ВМРО, излезе со соопштение по реакцијата на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изјавата на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако СДСМ дојде на власт младите си заминуваат од државата

Во соопштението на опозицијата стои дека владата на СДСМ е виновна за иселувањето на младите од Република Македонија.

Заев и Димитров се главни виновници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани во однос на синовите, ќерките, внуките и љубовниците на партиските полтрони. Секој ден има безброј примери со високообразовани млади луѓе кои ја напуштаат државата поради непотизмот и партизацијата. Последните два примери се само капка во океанот на разочарани млади.

Од ВМРО велат дека Власта гледа само за своите деца, и дека со СДСМ владее непотизамот.

Факт е дека Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите.Наместо враќање на иселените, владата на СДСМ го зголеми иселувањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...