Утре истекува втората вонредна состојба која беше донесена на 16 април.

Објавил: Стојче Бушин | 15 мај, 2020 14:15

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Вонредната состојба треба да се продолжи и во следните 30 дена!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука која ќе му ја достави на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба и во следните 30 дена.

На денешната владина седница, која започна во 12:30 часот, се води дебата за можноста вонредната состојба да се продолжи за уште 30 дена.

За ваквиот предлог, се очекува да се разговара и на седницата на Советот за безбедност.

„Владата на Република Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена.“, соопштија од Владата.

На 16 април се продолжи 30-дневна вонредна состојба во државата, која, на барање на Владата ја одобри шефот на државата Стево Пендаровски. 

Со новата одлука на претседателот Стево Пендаровски повторно беше воведена вонредна состојба на територијата на целата земја.

Од правен аспект, ова не беше продолжение на претходната вонредна состојба, туку прогласување нова, поради тоа што во периодот немаше функционален парламент во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Покрај оваа одлука на Седницата на Советот за безбедност ќе се донесе и мерката да нема групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.

ЕКСКЛУЗИВНО: Вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели

 Канал 5 дознава дека вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели! Покрај...

Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во земјава.

ИВЗ го доби новиот поглавар!

Од денеска стапи на функција новиот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија. Реис...

Сарај, Чаир, Гази Баба и Бутел се општини со најголем број на заболени а воедно посочи и дека ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки доколку тоа е потребно.

Венко Филипче: Повторно ќе воведеме рестрикции!

На денешната прес-конференција Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција...

Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата.

ЛЕВИЦА: „СДСМ ја однесе Македонија во длабока економска бездна“

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин...