Вчера Советот за безбедност препорача воведување на кризна состојба на територијата на целата држава, а денеска Владата донесе одлука. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 ноември, 2020 19:41

Владата прогласи кризна состојба!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на седницата вечерва официјално прогласи кризна состојба, дознава ТВ21 од владини извори.

Владата со тоа ја потврди вчерашната препорака од Советот за безбедност кој се состана кај претседателот Пендаровски.

Ова ќе значи дека армијата се вклучува во битката со коронавирусот, а државата може да ги користи ресурсите на приватните болници во битката со Ковид-19.

Вчера Советот за безбедност препорача воведување на кризна состојба на територијата на целата држава, а денеска Владата донесе одлука.

Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.
Кризната состојба не значи полициски час, ниту карантин, туку состојба која ќе овозможи подбро функционирање на институциите и на фунакциите на државата, како што се полицијата, здравството и армијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Македонскиот министер за здравство Венко Филипче рече дека земјата очекува критичен период во кој ќе бидат потребни болнички капацитети.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА: Еве што значи таа мерка!

Советот за безбедност на Македонија и предложи на македонската влада да прогласи кризна...

Беше заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.

Од 18-та седница на Владата: Забраната за групирање на јавни површини на повеќе од четири лица во текот на целиот ден!

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци...

На седницата се донесе и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

ОФИЦИЈАЛНО: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, се забранува и групирање по 21 часот

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето...