На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2021 14:51

Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во КОВИД центарот во Тетово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.  

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.
 
Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.
 
На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.
 
Во оваа насока Владата донесе заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки. Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок.
 
Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Веста за неговата смрт ја објавија и неговите блиски пријатели кои со тажни зборови се потсетија на докторот кој трагично го загуби животот во синоќешниот пожар.

Во тетовската болница изгоре и доктор Ферди Саќири (ФОТО)

Денеска иако беше објавено дека ниту едно лице од медицинскиот персонал во тетовската...

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното знаме е поставено на половина копје.

Изгоре жива во болницата во Тетово спасувајќи ја мајка си!

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното...

Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител.

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина братот на претседателот Пендаровски

По повод информациите објавени попладнево на порталите, кабинетот на претседателот...