
Македонија
Кујна
Владата распишала оглас за набавка на над шест тони свежо месо во вредност од 2.400.000 денари или околу 40 000 евра. Посебно за владата ќе се набави свеж јунешки мускул,телешки бифтек, јунешки бут, јунешки рамстек,свински прави ребра меснати свежи,прасечко месо, свинско каре, свинско филе.
Во омилените јадења на министрите спаѓа свинското каре, при тоа што ќе се набави повеќе од еден тон квалитетно месо од овој тип. Во огласот како што стои најмногу се обожава да јаде јунешки бут без коска, добиен од млади говеда од 18 до 24 месеци старост. Се јаде дури и по два тона јунешки бут годишно.

Според пресметувањата на набавката која ја прави Службата за општи и заеднички работи при македонската влада, месечно во рестораните кои се под капата на СОЗР се јаде по 522 килограми месо, или секој ден по 22 килограми свежо јунешко или свинско.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.