Министерката Шахпаска истакна дека Министерство за труд и социјална политика ги адресира предизвиците на ранливите категории на граѓани, особено во услови на пандемија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2021 12:33

Влада и Светска банка: Човечкиот капитал е приоритет – вложуваме во луѓето, градиме стратегии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и претставници од канцеларијата на претседателот на Владата и од Министерството за здравство, одржаа онлајн состанок со директорот на Светска банка за Македонија, Масимилијано Паолучи, и експертски тим на Светската банка.

На состанокот се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во пост ковид периодот. Беше истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во  истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област.  

Инвестициите во човечки капитал се во центарот на „Стратегијата за раст и развој“, истакна министерот за финансии Бесими и посочи дека инвестирањето во човечкиот капитал е еден од столбовите на кои се заснова „Стратегијата за ревитализирање и паметен раст (Smarter Growth)“, со која ќе се постигне забрзување на економскиот раст на среден рок, а воедно ќе се постигне негова одржливост.

„Од исклучително значење е создавање и промовирање на еднакви можности, развој на човечките ресурси преку инвестиции во образованието, науката и здравството, поттикнување на поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување. Со вложување во човечкиот капитал и паралелно дејствување кон заздравување од ковид кризата, поттикнување на одржлив и инклузивен раст и подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, стапките на економски раст кои порано се движеле од 2-2,5%, на среден рок можат да достигнат 4-5%“, посочи Бесими.

Министерката Шахпаска истакна дека Министерство за труд и социјална политика ги адресира предизвиците на ранливите категории на граѓани, особено во услови на пандемија.

Имавме можност да ја тестираме социјалната реформа донесена 2019 година и  нејзината успешност и првите резултати ги видовме за време на кризата. Тоа искуство ни  потврди дека сме на вистинскиот пат во правењето промени во општеството, преку поддршката на ранливите категории на граѓани. Имавме одлична соработка со Светска банка во делот на предучилишното образование и воспитување, социјално ранливите категории, младите лица, но и во поддршката на старите лица преку социјалните услуги”, посочи Шахпаска.

Министерката Царовска посочи дека образованието е клучно во градење на човечкиот капитал.

„Преку образовниот процес создаваме идни генерации кои треба да го градат, водат и развиваат нашето општество. Образованието е основа за создавање на квалитетен човечки потенцијал и Министерството за образование и наука и државата постојано ќе вложува во него“, рече Царовска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица!

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги...

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната...

Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло - фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот.

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации

Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа...