Од 46-та седница на Владата: Одобрен е Анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени од СЗО за употреба во итни случаи!

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 февруари, 2021 13:12

Влада: Одобрен е Анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени од СЗО за употреба во итни случаи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од 46-та седница на Владата: Одобрен е Анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени од СЗО за употреба во итни случаи!

Владата на Република Македонија на денешната 46-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата на Република Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку COVAX механизмот  за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19.

За спроведување на набавката вакцината мора да биде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.