Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен.

Објавил: Сара Фемина | 22 март, 2021 20:34

Влада: Опозициските пратеници да запрат со блокадата на Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Република Македонија апелира до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.

Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на  економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен.

Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни до сега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.

Опозициските пратеници треба да прифатат дека станува збор за исклучително чувствителен момент  и дека имаат одговорност пред граѓаните да се надмине оваа ситуација со деблокада на собранискиот процес. Пратениците треба час поскоро да ги усвојат законските измени за да се стават во функција мерките од анти-ковид пакетите кои се од исклучително значење за граѓаните и за стопанството.

Во иста ситуацијата се ставени и други законски решенија со блокади од стотици или илјадници амандмани како што се Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство и Законот за јавен интерес во културата, Законот за Клинички центар.

Владата на Република Македонија апелира собраниската говорница да биде место за дебати, идеи и конструктивни амандмани за најдобри законски решенија во интерес на народот и државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...