Ве повикувам без двоумење да го направите овој чин, односно да се откажете од формалното бугарско државјанство и со тоа да го засилиме македонскиот бедем во желбата за сочувување на оваа наша света и благословена Македонија., вели г. Агатангел!

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 септември, 2021 7:21

Владика Агатангел: Македонците кои земале бугарско државјанство сега да го поништат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ве повикувам да не се двоумите, да не се колебате и да не се плашите од имунизацијата, односно вакцинацијата против овој вирус, затоа што тоа е опцијата која ни ја нуди современата медицина, која секако е благословена од Небесниот Отец, Нашиот Бог и Спасител, Исус Христос, и која ќе ги минимизира последиците по нашето здравје и ќе не врати во нормалниот тек на нашето современо живеење, вели Владиката Митрополит Повардарски г. Агатангел!

Во отворено писмо во кое ги повикува православните верници во недела да дојдат на света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и да бидат дел од „Семакедонскиот православен христијански собор“ тој ги потсетува граѓаните на пописот кој е во тек во графата за вероисповед да се изјаснат дека се православни христијани, наместо само христијанин.

„Така во иднина би ги минимализирале штетните последици кои би произлегле од оваа математичка операција, по однос на нашата света православна црква и големиот број нејзини верни чеда, вели Агатангел.

Во однос на пописот, а како што вели, особено заради политичките манипулации кои произлегуваат од него, имајќи ја предвид изјавата на Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, кој веќе почнал да манипулира дека бројноста на бугарското население е околу 120.000, вели:

„Тоа е дека сите сме свесни дека Република Бугарија сосема свесно и со подмолни, територијално аспиративни, па дури и чисто зли намери го искористи овој лош транзициски период во Македонија, каде бројни нејзини граѓани наоѓајќи се во лоша економска ситуација посегнаа по бугарските државјанства, како би заминале непречено низ европските и прекуокенските земји на печалба.

Еве сега, кога повеќе од јасно е дека Република Бугарија не е пријателска земја на Македонија и е отворен противник на нејзиниот просперитет, развој и одржливост, би апелирал до сите наши браќа и сестри кои го направија овој чин на земање на бугарско државјанство, да размислат да го поништат, односно да се откажат од тоа државјанство и да не бидат повеќе заложници на таа нечиста бугарска пропаганда.

Вие, драги мои, го направивте тоа за да си ги сочувате фамилиите, децата, човечкото достоинство, затоа што оваа наша жална Македонија на многумина не им даде можност за достоинствен живот во овие 30 години. Јас ве разбирам, но во исто време знам дека вие сте чистокрвни Македонци, луѓе кои си ја сакаат оваа земја.

Ве повикувам без двоумење да го направите овој чин, односно да се откажете од формалното бугарско државјанство и со тоа да го засилиме македонскиот бедем во желбата за сочувување на оваа наша света и благословена Македонија., вели г. Агатангел!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...