За многу години!

Објавил: Сара Фемина | 20 јануари, 2021 9:58

Владика Партениј: Ви посакувам на сите благодатно стоење пред Господа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„О, прекрасни дарови“ – пееме во една песна од канонот на претпразненството на Богојавление – „о, благодат Божествена и љубов неискажлива! Ете, Создателот и Владика, со вода ме очистува, со оган ме просветлува, и со Божествениот Дух ме усовршува, откако Безгрешниот во Јордан се облече во мојата природа“. Така што, ние не смееме да се плашиме за своите гревови, туку во покајание на Бога да Му ги принесеме, за Он да ги очисти.

Сега имаме слобода кон Него да пристапуваме и пред Него да стоиме. Но, да ѝ го придружиме на таа слобода и благословениот трепет, чувството дека стоиме пред Господа, трепетот со кој Јована Крстителот и бесчувствениот Јордан се вратија назад, кога му рече Господ на Својот слуга да ја положи раката на главата Негова.

Така и ние – да стоиме пред Господа, со чувство дека сме крајно неподобни и недостојни, сврзани со телесни похоти и страсти, но како што Крстителот ја испружи својата рака, да го положиме и ние нашето срце и нашите мисли пред Христа.

И како што со својот допир на Господа се освети и Јован; како што водите на Јордан со влегувањето на Христа во нив примија од Неговата светост, така и ние биваме осветувани, допирајќи се до Него и дозволувајќи Му да влезе во нас.

Ви посакувам на сите благодатно стоење пред Господа и вистинско духовно просвештение од Оној, Кој заради нас денес се крштева во Јордан!

– Владика Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Муслиманите го слават Рамазан бајрам

Припадниците на исламската вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам. Рамазан...

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според стариот календар.

Денес е Ѓурѓовден- ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ Е !

Денеска се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец,...

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Денес е Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение....