Професорот Владимир Милчин денеска ја искоментира и изјавата дадена за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јули, 2019 11:18

Владимир Милчин удри по министерот Адеми: “КАКО НЕ ТИ Е СРАМ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По отворањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид не остана рамнодушен ни професорот Владимир Милчин, па напиша жесток коментар на својот Фејсбук профил. Тој повторно се огласи на социјалните мрежи и ја искоментира изјавата на министерот без ресор Едмонд Адеми.

Професорот Владимир Милчин денеска ја искоментира и изјавата дадена за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми.

Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

Нефи Усеини советникот од Општина Охрид, синоќа заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ја пресече црвената лента на церемонијата, по повод отворањето на пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид,

Милчин исто така на социјалните мрежи го искоментира отворањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид. Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО. 

Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот.

Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, коментира Владимир Милчин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Читам и слушам дека незапирливо продолжува вербалната агресија на Бранко Тричковски, неговата експлозивна манифестација на патолошката омраза кон Милчин, кон мене и кон многу други што не ја споделуваат срамната апологија на власта и што не му се поклонуваат (до небо) на фронтлајнерот на пропагандата на Зоран Заев.

Героски: Непроценлив е придонесот на хејтерот Тричковски за препознавањето на вистинската, авторитарна природа на Власта

НЕПРОЦЕНЛИВ Е ПРИДОНЕСОТ НА ХЕЈТЕРОТ БРАНКО ТРИЧКОВСКИ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕТО НА ВИСТИНСКАТА,...

-да не беа глумците и македонскиот етнос, носии и музика филмот ќе беше класично фијаско, единствено вредеше насмевката на аутистичното дете Кире на крајот.

Панчевски распали по режисерот Манчевски: Филмот “ВРБА”е реален и суров, ниско ниво на култура и негативен одраз за традицијата!

Македонија е нашата мајка и жална врба! Еве сега видовме дека може да биде машка и женска,...

Таа иронично вели дека ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, мислејќи на тоа дека можеби е подобро да се направат паркчиња и да се посадат дрва.

Весна Бејби: И така сите ќе умреме, барем вие да си градите

Познатата македонска актерка Весна Бејби Петрушевска по информацијата дека Општина...