Возете внимателно!

Објавил: Сара Фемина | 22 февруари, 2021 7:24

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

РАБОТИ НА ПАТ:

ДПУТУ „Ве-Група” Дооел известува дека од 01.02.2021 г. започна изведување на градежни активности за реконструкција на регионалниот пат п1206 делница Карпалак – Желино од км. 0+000 до км. 12+185. Активностите ке се одвиваат од 07:00 ч. до 17:00 ч. секој ден, додека пак во деновите кога ќе се врши асфалтирање ќе има и прекин на сообраќајот во периодот од 10:00 часот до 16:00. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан (од бензинска пумпа ОКТА до влез во с. Франгово) брзината е ограничена на 40 км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје!

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје! На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник)...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол!

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол! Министерството...

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

ВНИМАНИЕ: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува! ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради...