Опозицијата

Објавил: Калина Мартинска | 10 ноември, 2024 18:11

Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Владата скрои новогодишната кошничка со дефиниран список со производи и цени. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во пресрет на зимата ќе стартува новата кошничка, со која, како што истакна, граѓаните повторно ќе ги почувствуваат ефектите како што беше со есенската.

Пред почетокот на зимата, за која се најавува дека ќе биде предизвикувачка, со ниски температури, премиерот е оптимист дека нема да има поскапување на електричната енергија. За средината на следната недела, тој најави позитивни вести во однос на снабдувањето и на стабилноста на енергетскиот сектор во земјава.

Дополнително, премиерот најави и продолжување на уште една мерка. Ваучерите за инвертер-климите за граѓаните ќе бидат достапни и следната година. Изминативе денови, Владата додели над шест илјади ваучери или околу 155 милиони денари за енергетска ефикасност, но и за социјално ранливите потрошувачи. Доделените ваучери се со вредност од 23 или 25 илјади денари за енергетска ефикасност и од 27 до 30 илјади за ранливите групи потрошувачи.

Владата да се откаже од новогодишната кошница, бараат од СДСМ.

Наместо мерки кои не дадоа никаков ефект и не ги намалија цените на производите, односно ги намалија само 0,1 отсто, бараат власта до го прифати нивниот предлог- храна без ДДВ. Според нив, ваквото решение ќе го подобри животниот стандард  на граѓаните и месечно ќе им заштеди до 2,000 денари.

-Но, наместо да се откаже од нови погрешни мерки, го слушаме премиерот Мицкосски како најавува нова нова кошничка. Овој пат ноговоридшна, којашто ќе ги намали цените пак за 0.1%. Ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните. Власта покажува голема неспособност и води политика на инает врз грбот на народот. , изјави Јованка Тренчевска од СДСМ.

СДСМ да не ја потценува интелегенцијата на народот возвратија од ВМРО ДПМНЕ. Дека владината мерка за  ограничување на маржата дава резултати, и цените на прехранбените производи се намалуваат,  потврдуваат и од  Сојузот на синдикати на Македонија. Синдикалната кошница, благодарение на есенските маржи е пониска за 1,000 денари. На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство., велат од ВМРО ДПМНЕ.

Додаваат и дека во новогодишната кошница се вклучени прецизно дефинирани производи и цени , врз основа на успешноста на есенската потрошувачка кошничка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.