Вечерва, владата на СДС и ДУИ во целост прикажа како се манипулира и демонстрира насилство врз обичен народ.

Објавил: Мате Парлоф | 6 јули, 2022 6:07

Власта уфрла провокатори за да апси народ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Власта уфрла провокатори за да апси народ!

Вечерва, владата на СДС и ДУИ во целост прикажа како се манипулира и демонстрира насилство врз обичен народ.

Министерот Спасовски очигледно го оствари своето сценарио дека ќе се случат радикални сцени – само за да апсат невини граѓани. Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност – само за да ги прикажи илјадниците граѓани кои достоинствено протестираат како насилници.

Левица претходно предупреди дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот.

И покрај лошите временски услови, илјадници граѓани денес маршираа против новото национално предавство на ДУИ. Тоталитарниот режим се обидува да ја инструментализира полицијата против сопствениот народ, само за да го спасат неизбежниот пад од власт.

Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот...