Имено пејачот на почетокот на идниот месец ќе замине на голема турнеја во Америка и Канада, а како што информираат неговите соработници Лозано ќе одржи неколку концерти во најголемите градови каде живеат Македонци. До сега интересот огромен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 февруари, 2020 16:25

Влатко Лозаноски заминува во Америка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски пејач со златно грло Влатко Лозаноски – Лозано кој е миленик на женската публика, реши да ја прошири својата кариера и да излезе надвор од границите на државата.

Имено пејачот на почетокот на идниот месец ќе замине на голема турнеја во Америка и Канада, а како што информираат неговите соработници Лозано ќе одржи неколку концерти во најголемите градови каде живеат Македонци. До сега интересот огромен.

Влатко Лозаноски – Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Македонските иселеници во Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто со нетрпение ги очекуваат закажаните концерти на Лозано.

Помина само еден ден откако официјално објавивме дека Влатко има турнеја во Америка и Канада и верувајте дека мојот мобилен телефон не престанува да ѕвони. По се изгледа нашинците ќе го видат Влатко и во неколку други градови во Америка – изјави тој.

На настапите во Канада и Америка, Лозано ќе ги отпее своите најголеми хитови „Километри“, „Јако, јако“, „Мајко“, „Ова лето ќе се памети“, „Сонце не ме грее“, „Надеж“, „Не те вадам од памет“итн, а на концертот ќе биде придружуван и од неколкумина професионални музичари.

Се радувам што за првпат ќе настапувам пред многубројната македонска публика во Америка и Канада. Наназад низ годините имав доста понуди од таму, но решивме дека сега е вистинско време за една голема турнеја. Со нетрпение очекувам да дојде март и да започнат концертите. Она што е интересно, откако објавивме на социјалните мрежи дека ќе одржам неколку концерти ми пристигнаа и доста пораки од Срби, Босанци, Хрвати и Бугари кои ми кажаа дека ќе бидат дел од публиката – вели Влатко Лозаноски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит - Вела Лука.

ДВЕ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ: Златниот глас на Балканот, вљубеникот во морето и музиката!

Денеска навршуваат две години од смртта на Оливер Драгојевиќ (Сплит, 7 декември 1947 – Сплит, 29...