Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 16:35

Влез во Бугарија за македонски државјани само со негативен ПЦР тест

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска Бугарската Влада извести дека делумно ќе ги олесни мерките за влез во државата за пет земји, меѓу кои и Македонија.

За влез во Бугарија македонците ќе треба да приложат негативен ПЦР тест, кој е главен услов за влез во државата.

Освен од Република Македонија, со приложен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.

Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.

За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.

Исто така на полноќ, во Австрија стапија во сила нови мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите балкански земји.

Новите мерки значат дека патниците мора да покажат негативен ПЦР тест на границата, кој не смее да биде постар од три дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Руската вакцина против вирусот „Ковид-19“, направена од центарот „Гамалеј“, ќе биде регистрирана на 12 август, а таа ќе биде прва што ќе ја примат медицински работници и постари жители на земјата, рече денес рускиот заменик министер за здравство Олег Гриднев.

Руската вакцина против корона ќе биде регистрирана на 12 август!

Русите ќе ја регистрираат вакцината против вирусот корона на 12 август: Последната...

Арапските медиуми денес објавија дека сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаб исто така се повредени во страотната експлозија.

ОФИЦИЈАЛНО УТВРДЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТ: Целиот град во рушевини, болниците преполни!

Моќна експлозија избувна вчера попладнето во близина на пристаништето во Бејрут, најнаселениот...

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против...

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени...