На отворањето на клубот присуствуваа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев, како и генералниот секретар во претседателскиот кабинет Миле Бошњаковски.

Објавил: Едмонд Бекири | 30 октомври, 2022 14:11

ВМРО-Бугарско национално движење го спречи положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа.

Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“, јавува Миа.

На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, организаторите потсетија дека Бугарија е 15 пати осудувана од Европскиот суд за човекови права во Стразбур за забраната за здружување на Македонците и кажаа дека тие само сакаат да бидат рамноправни со останатите граѓани и да можат да кажат дека се Македонци без да бидат навредувани за тоа. Тие велат дека клубот „Никола Вапцаров“ ќе биде мост за соработка меѓу двете нации и двете земји, бидејќи тие не се сепаратисти, ниту непријатели на Бугарија.

На отворањето на клубот присуствуваа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев, како и генералниот секретар во претседателскиот кабинет Миле Бошњаковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.