СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Објавил: Перо Милчин | 28 јуни, 2020 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Ако имаше правна држава, во овие три години прво Заев немаше да биде ослободен за случајот „Евро за Вицето“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Радмила Шекеринска пак само пред избори најавува реформи во правосудниот систем. Крајно лицемерие.

Граѓаните видоа дека во овие три години реформите во судството беа сведени на „трас трас“ одлуки, Луј Витон правда и најголемиот апсурд виде во светот, аболициран човек за кој во моментот се водеше судска постапка да биде на чело на телото за реформи во судство, како во случајот со Зоран Заев.

Судството велеа дека е отворено како пупка дури се носеа ослободителни пресуди за Заев, укор за Дудуш поради физичко насилство, смешна пресуда за шверцерот-градоначалник Боро Марлборо и слични други апсурдни случаи.

Ако имаше правна држава, а не хибриден режим во Македонија во овие три години прво Заев немаше да биде ослободен за случајот „Евро за Вицето“, а и Радмила Шекеринска ќе беше повикана барем на распит да ги објасни своите вечерни сеанси со обвинетиот во случајот Рекет.

Радмила, џабе зборуваш за правда, кога твојата власт и лидер се синоним за пазарење со правдата во замена за милиони евра во торби, за кои има сведоштво дека завршувале кај Зоран Заев.

Се што вети на народот во 2016 се излажа, сега тоа што го зборуваш никој не го верува. Доаѓа време кога ќе има одговорност.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

Жан Митрев: Со новиот метод на прочистување на крвта излечивме 25 пациенти заболени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Истакнатиот македонски Кардиоваскуларен хирург доктор Жан Митрев кој воедно е и основач...

Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

МИЦКОСКИ: Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски

Во следните четири години ќе се фокусираме на реализација на капитални инвестиции...