Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 декември, 2021 10:49

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја стопира продажбата на Славија

Фото/Текст извор: ©магазин

Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал, за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони.

Власта сакаше за 200.000 евра да ја распродаде Славија која чини над 20 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста ја спречија.

Само управната зграда на Славија со земјиштето под и околу неа има вредност од над 9 милиони евра, магацините во Кисела Вода имаат вредност од над 4 милиони евра. Бројните деловни простори и магацини од околу 6 милиони евра. И сето ова некој близок до власта требаше да го земе за 200.000 евра.

Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж.

Власта уплашена дека е фатена во правење на матна бизнис зделка за која мора да има одговорност во паника запре.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи власта да распродава по багатела, а народот да страда.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Лавина реакции во јавноста и молк од претседателот на Собранието Талат Џафери предизвика објавената аудиоснимка на која се слуша како тој им вика употребувајќи вулгарни зборови на собраниски службеници по завршување на пленарна седница

Се бара оставка на Џафери: Недостоен е да го води Собранието!

Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател...

Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите

ИПИС: 39,1 отсто од анкетираните за предвремени избори, 32,5 отсто против, 28,4 отсто „не знааат“

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите...

Според Ковачевски, ова што го прави Мицкоски е „најнеодговорното нешто што може некој да го направи“.

Ковачевски ги плаши граѓаните дека оваа година ќе биде најтешка по Втората светска војна

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостување на ТВ21 рече дека наредната...