По вчерашните локални избори најмногу победи на советнички листи има ВМРО ДПМНЕ или во 42 општини. Втор е СДСМ со 20 победи на советнички листи, а зад нив е ДУИ со 13 освоени совети, пренесе alsat.mk!
Колицијата Алијанса – Алтернатива имаат најмногу гласови на две советнички листи, а по една имаат ДПА, ДПТМ и ЛДП. Сепак, кој ќе владее со општините ќе зависи од идните коалиции меѓу партиите. Инаку, за Советот на град Скопје најголем дел од граѓаните гласале за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, односно 73.566 што е 34 отсто од вкупниот број на гласови.
Совет на Град Скопје:
ВМРО ДПМНЕ – 34% од гласовите
СДСМ – 23% од гласовите
ДУИ – 12% од гласовите
Левица – 9% од гласовите
ААиА – 5,5% од гласовите
Алсат подготви анализа за дел од поголемите општини, како се поделени гласовите по основ на советнички листи. Податоците на ДИК велат дека за ДУИ во советот на Тетово гласале нешто над 10 илјади граѓани или 27отсто од гласовите. Алијанса за Албанците – Алтернатива и ВМРО ДПМНЕ освоиле 10 отсто од гласовите. СДСМ и ДПА освоија со седум отсто од гласовите. Во Битола, 35 отсто од гласовите доби ВМРО ДПМНЕ, а СДСМ 31 отсто. ЛДП – ДОМ се со освоени пет отсто, а ДУИ доби три отсто од гласовите.
Во Чаир најголем дел од граѓаните гласале за советничката листа на ДУИ или речиси 11 илјади лица или 40 отсто, а потоа следува Алијанса – Алтернатива со 25 отсто или добиени близу седум илјади од граѓаните. Во Аеродром пак речиси 50 отсто од гласовите за советот на општината се за ВМРО ДПМНЕ или близу 13 илјади гласови. За СДСМ 26 отсто или седум илјади гласа. Сериозна бројка на гласови во Аеродром има добиено Левица, односно 17 илјади гласови или за советничката листа на оваа партија гласот го дале 4.500 граѓани.
Во Гостивар пак, Алијанса – Алтернатива и ДУИ освоија речиси идентичен број на гасови за советот. Двете партии добија речиси 30 отсто од гласовите. Слично сценарио има и во Дебар каде за неколку стотини гласа повеќе има добиено Алијанса – Алтернатива. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Дебар освоија нешто над 10 отсто.
Во Охрид пак, најголем дел од гласовите се за двете најголеми партии, односно за ВМРО ДПМНЕ гласале 36 отсто, а за СДСМ 30. Во Струга пак, најголем број на гласови доби ДУИ, и тоа 35 отсто од гласовите или речиси девет илјади гласови.
Алијанса – Алтернатива е со речиси седум илјади освоени гласови или 26 отсто.
Во Центар пак, најголем дел од граѓаните гласале за советничката листа на СДСМ 34 отсто, за ВМРО 28 отсто, за Левица 12 отсто и 12 отсто за независната кандидатка Јана Белчева Андреевска. Во Куманово пак, за СДСМ гласот го дале 25 отсто, за ВМРО ДПМНЕ 19, а за ДУИ 11 отсто.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.