Македонија
Вести
Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид насилство и попречување на работата на новинарите и медиумите, соопштија од опозициската партија откако на денешниот протест против поскапување на струјата физички нападната беше новинарската екипа на „Ал Џезира“.
Новинарската екипа на „Ал Џезира“ која известувала од протестот кој попладнево го организираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ била физички нападната за време на известувањето.
Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих.
Воедно, ги осудуваме и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми“,
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.